Зошто планот на Меркел и Макрон може да биде многу важен за Европа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Нешто важно се случи оваа недела и изненадувачки е што малкумина надвор од Европа го забележаа. Пазарите може значително да се придвижат ако Ангела Меркел и Емануел Макрон можат да обезбедат поддршка во ЕУ за нивниот нов „Фонд за Спас“.

Главниот проблем со еврото од неговото воведување во 1999 година беше и сè уште е што е валута без фискална унија. Еврокризата од 2010 до 2012 година го покажа тоа многу јасно, а беа формирани разни институции за поддршка за спас. Такви беа Европскиот фонд за финансиска стабилност, Европскиот механизам за стабилност и директните монетарни трансакции и операциите за долгорочно рефинансирање на централната банка.

Потоа се случи коронавирусот, а овие институции станаа недоволни. Европската централна банка (ЕЦБ) ја изготви (иако со задоцнување) и ја претстави Програмата за набавка во кризна состојба на пандемија (ПЕПП) која беше понерестриктивна форма на квантитативно олеснување од претходно. Се чинеше дека е неограничена, што токму тоа, секогаш му е потребно на пазарот.

Кога се воведуваше квантитативното олеснување на ПЕПП, а пазарите почнаа да закрепнуваат, германскиот уставен суд почна да се жали за квантитативното олеснување на ЕЦБ. Судот тврдеше дека мора да се ограничи, како и претходните форми на квантитативното олеснување.

Еврото повторно се најде во криза, а ние го забележавме вообичаеното проширување на програмите за обврзници, особено во Италија. Постоечката инфраструктура за поддршка не беше доволна, а исто така не постои политичка волја која ќе отвори поголем политички простор додека правните предизвици од судот во Карлсруе се закануваат да ги влошат нештата.

Потоа, во понеделникот уследи неочекувана прес-конференција на Меркел и Макрон кои претставија план за обезбедување на дополнителни 500 милијарди евра на потрошувачка моќ, преку заеми на ниво на ЕУ за да се распределат пари во форма на грантови. Ако имате заеднички обврзници, нели тоа претставува некаква форма на фискална унија? Решението на проблемот беше радикално.

Резултатот е дека 18 мај 2020 година, може да биде историски ден во еволуцијата на еврото. Засега сè уште е само предлог кој потекнува од двете најголеми држави во Унијата, особено откако Велика Британија ја напушти. Ова можеби е прв чекор во решавањето на недостигот од фискален капацитет во ЕУ и во еврозоната.

Но ваквиот развој на настаните не доби медиумско внимание надвор од Европа, а пазарите почнаа само умерено да се придвижуваат. Можеби затоа што коронавирусот им го зеде умот на сите. Можеби затоа што прес-конференцијата беше на француски и на германски јазик.

Но инвеститорите и особено луѓето во Европа треба навистина да посветат внимание на ова. Само сетете се на банкротот на Грција и последователното преструктуирање на долгот во висина од 200 милијарди евра во 2012 година. Секако дека го потресе пазарот и беше приоритет во наредните две години.

На таа основа, италијанскиот долг од 2,5 илјади милијарди евра треба да биде уште поважен. Светските инвеститори треба да бидат загрижени ако таа сума на пари се смета дека е ризична. Само размислете какви последици може да има по европските и по светските банкарски резерви.

Како следен чекор важно е да се увиди како ќе реагира таканаречената „штедлива четворка“. Австрија, Данска, Шведска и Холандија се крајно против идејата за распределба на долговите. Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предводи напорите за изнаоѓање алтернативен пристап кој треба да вклучува заеми наместо грантови и можеби генерално пониски суми.

Но сега сме во време на криза и потребен ни е голем одговор. Ако уделот на грантовите се намали да речеме до 200 милијарди евра, тоа нема да биде доволно за да му се даде моќ на пазарот и може негативно да се одрази во форма на поголема европска рецесија која ќе ги опфати дури и најштедливите членки.

Ако Германија престане да се противи на фискалната унија тогаш можеби и другите ќе го следат нејзиниот чекор. Досега Холандија беше прилично тивка што може да се смета за позитивен знак. Токму на неа треба најмногу да се внимава.

Клучна поента е што ако Макрон и Меркел можат да ги убедат сите 27 членки на ЕУ, тогаш пазарите значително ќе се придвижат. Еврото ќе закрепне од повеќегодишните падови наспроти американскиот долар, швајцарскиот франк и јапонскиот јен. Периферните ширења значително ќе се намалат. Европските берзи конечно ќе можат да привлечат странски инвестиции по повеќегодишен застој и да дадат ретки подобри резултати.

Секојдневно се следат светските капитални текови и изненадувачки е недостигот на интерес во европската вредност кај американските и меѓународните инвеститори. Ако постои позитивен политички сигнал, може да следи голем прилив. Кога пазарите навистина ќе се придвижат, луѓето ќе станат свесни за пошироките последици.

Пишува Јенс Нордвиг за „Financial Times“

Сподели.