Животот поскапува

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.4, а индексот на цените на мало 100.0.

Пораст на индексот на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 6.8 %, цигарите за 5.2 %, сувото овошје и јаткастите производи за 1.7 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 1.4 %, маслото и маснотиите за 1.0 %, јајцата за 0.9 %, сушеното, соленото и чаденото месо за 0.7 %, млекото, јогуртот, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 %, рибата и морските плодови за 0.5 %, трбушките за 0.4 % и месото за 0.2 %.

Во март 2019 година, исто така пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај течните горива и мазивата како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3.2 %, велосипедите за 2.9%, туристичките пакет-аранжмани за 2.2 %, течните горива за домаќинствата за 2.0 %, мебелот и покуќнината за 1.7 %, автомобилите за 1.5 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.8 %, услугите за рекреација и спорт за 0.5 %, средствата за чистење и одржување на станот, другите медицински производи за 0.4 %, градините, растенијата и цвеќињата, накитот и часовниците за 0.3 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај другите пекарски производи за 0.6 %, житата за појадок за 0.3 %, другите преработки од месо, другите прехранбени производи и безалкохолните пијалаци за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 3.7 %, конфекцијата за домаќинствата за 1.1 %, обувките, фотографската и кинематографската опрема и оптичкитe инструменти за 1.0 %, ткаенините за 0.8 %, текстилот за домаќинство за 0.6 %, телефон и телефакс-опремата, информатичката опрема за 0.4 %, резервните делови и опремата за сопствен превоз, книгите за 0.3 %.

Индексот на трошоците на животот во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, бележи пораст од 1.4 %, а индексот на цените на мало бележи пораст од 0.4 %

Сподели.