Жиру во Јувентус

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Оливие Жиру треба да го носи дресот на Јувентус во новата сезона. По преговорите со Луис Суарес, Един Џеко и Алваро Мората, Јувентус го најде потребниот напаѓач во името на искусниот француски голгетер.

Според најавите од Италија, Жиру се договорил за двегодишна соработка со италијанскиот првак, а ќе заработува по четири и пол милиони евра по сезона. За реализација на овој трансфер, Челзи треба да заработи пет милиони евра.

Жиру во изминативе неколку години играше во Премиер лигата и во дресовите на Арсенал и Челзи вкупно одигра 341 меч, а постигна 133 голови. Светскиот првак ќе го замени Гонзало Игуаин како прв центарфор на Бјанконерите, кој веќе е на пат кон САД да го потпише договорот со Интер Мајами.

Сподели.