Жестоките навреди и закани од Заев ја расплакале министерката Ангеловска

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерската за финансии Нина Ангеловска се нашла на удар на критики и забелешки на нејзиниот интелектуален капаците од страна на партискиот шеф Зоран Заев, откако било констатирано дека Буџетот не располага со доволно средаства за третиот сет мерки за помош на стопанството, дознава новинарот на порталот Инфомакс, Александар Митовски.

Според изворите на уредникот на Инфомакс, министерката Ангеловска по состанокот, на кој покрај Заев присуствувала и гувернерката на централната банка Анита Ангеловска Бежовска, си заминала расплакана.

„До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди расплакано?

Вчера, имало состанок во просториите на Министерство за финансии на кој присуствувале министерката Нина, гувернерот Бежовска, Зоран Заев (во кое својство, не ми е јасно) и еден банкар.

Состанокот поминал тензично, расправијата била на висок тон, а Нина добила низа на навреди и закани. Навредите се однесувале на нејзиниот интелект, и тоа дошле директно од Заев.

Расправијата пак, била поради недостатокот на средства во буџетот. Заев бил исклучително нервозен поради состојбата во која се наоѓа буџетот, а за тоа ја обвинувал Нина. Поради недомаќинското и неодговорно работење во буџетот нема доволно пари за спроведување на третиот сет мерки кои ги планирал Заев (повторно, во кое својство не знам).

По овој состанок, Нина си заминала расплакана.

Правда за Нина!“, пишува Митовски.

 

Сподели.