Жерар Депардје: Американците се народ што уништува други народи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„БИ БИЛ СРЕЌЕН ДОКОЛКУ ЕВРОПА ПРЕСТАНЕ ДА ГИ СЛУША АМЕРИКАНЦИТЕ – тие употребија атомска бомба“.
Познатиот француски актер Жерар Депардје, кој има и руско државјанство, изјави денеска дека Американците се народ што постојано ги уништува другите.

„Тие (Американците) први ја употребија атомската бомба. Каде и да минат, прават невидени будалаштини.
Повеќе сакам да бидам Русин“, вели Депардје.
Францускиот актер додал дека би бил среќен доколку Европа прекине да ги слуша Американците.
Рускиот претседател Владимир Путин на актерот лично му го врачил рускиот пасош на почетокот на 2013 година, кога Депардје се пресели од Франција поради високите даноци.
Депардје од тогаш не ги крие симпатиите кон Путин и Русија. Тој во март минатата година лансираше часовници на кои пишува „Горд сум што сум Русин“.
Актерот ужива големо медиумско внимание во Франција затоа што, како што и самиот изјави во една пригодa, „нема влакна на јазикот“

Сподели.