Згасна печатеното издание на Плејбој

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Среде пандемијата на коронавирус, Плејбој објави дека го затвора печатеното издание, јавуваат американските медиуми.

Поради светскиот хаос предизвикан од пандемијата, „Плејбој“ имал големи деловни тешкотии и реши да го затвори своето печатено издание.

Отсега, најпознатото машко списание ќе постои само во онлајн верзија. Култниот магазин исчезнува од киосците по 67 години од неговото објавување. Култното списание е основано од Хју Хефнер, кој почина пред три години.

Во 1953 година, Хефнер извади хипотека и заем од 600 долари од банка, собра 8000 американски долари од 45 инвеститори (вклучувајќи и 1.000 долари од неговата мајка) и го основа Плејбој.

Списанието првично беше наречено Stag Party, но поради постоењето на списание со слично име, Хефнер го избра името Плејбој.

Првиот број на „Плејбој“ беше објавен во декември 1953 година, а на насловната страница беше објавена гола фотографија на Мерилин Монро од 1949 година, снимена за календар. Оригиналот беше отпечатен во 70 илјади примероци, а биле продадени 54 илјади примероци. Затоа, Хју Хефнер од сопствени пари платил 75.000 долари во 1992 година за да биде погребан до Мерилин Монро, иако ако и се верува на Википедија, тие никогаш не се сретнале.

Сподели.