Земјотрес од 5 степени ја погоди Грција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Земјотрес од 5 степени според Рихтеровата скала, денеска го погоди средниот дел на Грција.

Епицентарот бил во близина на градот Неохорион, или 239 километри северозападно од главниот град Атина, на длабочина од 9 километри.

Земјотресот но со далеку помал интензитет бил почувствуван и во јужниот дел на нашата земја.

Ова е само еден од низата земјотреси кои во изминатите неколку дена ја погоди Грција.

Сподели.