Зараф: Виновникот за соборувањето на украинскиот авион е во затвор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Човекот по чија вина беше соборен украинскиот патнички авион од страна на иранската армија е во затвор, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

– Лицето кое случајно собори украински авион во Иран, денеска е во затвор, рече Зариф, кој го спореди инцидентот со несреќата на иранскиот авион што беше соборен во 1988 година од вооружените сили на САД.

– Вашингтон досега официјално не се извини за инцидентот. Дури и службеникот вклучен во нападот беше одликуван, нагласи Зариф.

Сподели.