Заев верува дека Рашковски е невин и по поднесеното обвинение

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Oбвинителниот акт кој во петокот го поднесе обвинителството со кое раководи Вилма Русковска, е поднесено против седум лица и опфаќа четири јавни набавки, но и исплата на хонорари. Рашковски во случајот се товари дека извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и кривично дело перење пари.

Премиерот Зоран Заев, е убеден дека поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски, е невин и по бвинението кое минатиот петок го поднесе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Како и досега, Заев застана на негова страна велејќи дека софтверот за автоматско казнување за сообраќајни прекршоци бил потребен и Владата стои зад тоа.

-Презумцијата на невиност треба да се почитува за секој. И како опозиционер и во делот на случаи кои ги има против моите политички противници односно високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, јас секогаш принципиелно стојам на овие прашања. Судот ќе покаже дали има таму кривично дело или нема. Јас сум ги кажал моите ставови затоа што сум работел со овој човек, го знам проектот, владата донела одлука за овој проект и треба заради безбедноста во сообраќајот, рече Заев зборувајќи за овој случај во емисијата „200“ на Алсат ТВ.

На прашање дека „сега има и три други нови обвиненија, дали уште верува дека можеби Рашковски е невин“, премиерот одговори дека „секако верува, но кој е тој да каже“.

-Да, секако верувам дека е невин. Но, реков кој сум јас. Тоа судот треба да го каже и секако со правосилна судска пресуда. Но, што е важно? Важното е дека законот важи еднакво за сите, сите сме рамноправни пред законот. Ако некаде постои сомневање, денеска се гонат сите. На крајот во судска постапка се утврдува кој е виновен, кој не, вели Заев.

Обвинителниот акт кој во петокот го поднесе обвинителството со кое раководи Вилма Русковска, е поднесено против седум лица и опфаќа четири јавни набавки, но и исплата на хонорари. Јавните набавки се за: систем за биометриска идентификација; софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни; ANPR-камери за препознавање регистарски таблички за возила; и на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблички.

Кога станува збор за делот за хонорарците, тој се однесува на тоа што во времето кога Рашковски беше генерален секретар се склучувале авторски договори со шесто и седмообвинетиот. Обвинителството тврди дека, иако поранешниот генерален секретар знаел дека тие не ги извршуваат работните задачи, ној им исплаќал месечни хонорари, а тие потоа дел од парите му ги враќале во кеш.

Рашковски во случајот се товари дека извршил продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и кривично дело перење пари.

Сподели.