Заев удрил потпис за уште еден голем пораз? Ја враќа ли Тиранската платформа на голема врата?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Победата на Стево Пендаровски во вториот изборен круг е тешко заработена и на грбот на целата држава. Сметката ќе ја платат и оние кои гласале за него, а и оние кои не го заокружиле бројот 3 на ливчето. Преспанскиот договор за кратко ја фрли во сенка Тиранската платформа, но тоа не значи дека идејата за редефинирање на земјата е заборавена. Напротив.

Во желбата за освојување на претседателската фотелја, премиерот Зоран Заев се заложил да го удоброволи ДУИ да ги извади гласачите Албанци во вториот круг, кои во првиот тивко ги бојкотираа претседателските избори. За таа цел меѓу двата круга, неофицијално, Заев остварил средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети во Тетово. Шпекулации кои како појдовна точка ги наведе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ Тема” на Телма телевизија.

Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга имало средба во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија, речеМицкоски.

По средбата Заев излегол блед како крпа, а зад себе оставил потпишан договор со кој се предвидува менување на карактерот на државата.

И Мицкоски вчера побара Заев да одговори дали се точни шпекулациите дека Заев и Ахмети потпишале редефинирање на Република Македонија и исцртување нови државни граници.

Сподели.