Заев: Сигурно нема да гласаме „Рекет“ да го води Груевски, Панчевски, Зврлевски, мора да биде „тешкаш“…

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител објави два предлога до опозицијата за законот за јавно обвинителство, a уште еднаш повтори дека предметите на СЈО мора да имаат иднина и тоа, како што рече, е „црвената линија што не смее да се помине во преговорите со опозицијата“.

Двата вклучуваат избор на обвинител на предлог на опозицијата. Со првиот се предвидува ова обвинителство да ги преземе сите предмети, сите обвинители и вработени во СЈО и да биде надлежно за сите случаи на висока корупција, вклучително и Рекет.

Вториот, пак, доколку опозицијата одбива да го преземе тимот, предвидува обвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства, а Јавниот обвинител Јовески да ги распредели предметите од СЈО.

Сепак, изборот на обвинител на предлог на опозицијата ќе значи и согласност од власта за предлогот.

Тоа мора да биде некој „тешкаш“, издржан. Сигурно нема да гласаме тоа да биде Груевски, Панчевски, Зврлевски, Јован Илиевски, ќе бараме да биде неприкосновен професионалец. Јас и власта се бориме да биде загарантирана нивната иднина од трансферот, по заокружувањето на СЈО тие предмети мора да имаат иднина, а Мицкоски и неговиот тим бараат предметите да бидат амнестирани, да се заташкаат, да се уништат. Иднината на предметите е црвената линија што не смее да се помине – нагласи Заев.

Сподели.