Заев сака да скрие дека прорускиот бизнисмен Дака му дал 300.000 евра пред референдумот за името

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Два дена владее целосен молк од власта откако контроверзниот српски тајкун Миодраг Давидовиќ,во аудио снимката потврди дека на Зоран Заев му дал 300.000 евра пред референдумот за името.

Никој од споменатите во снимката, Зоран Заев, Зоран Милевски-Кичеец, ниту пак Драги Рашковски не ја коментира содржината на разговорор. Заев вчера се обиде да изглуми дека со разговори меѓу трети лица и него да го инволвираат.

А она што го кажа бизнименот Дака не е воопшто наивно. Заев се крие дека добил 300.000 евра и дали можеби со црни пари финансирал кампања или можеби и вршел поткуп?!.

Сето ова Заев го правел од позиција на премиер. Во тој период, кога се подготуваше референдумот за името со кој требаше да биде потврден Договорот од Преспа, Заев ја обвинуваше опозицијата за некакво руско влијание.

Но, токму Давидовиќ, бизнисмен од Црна Гора, проруски ориентиран кој во Подгорица ја подджува српската опозиција. Неговото име се споменуваше дека ја финансирал кампањата и протестите во Црна Гора против НАТО. И Заев и неговите соработници со него прават бизнис и политички планови непосредно пред референдумот.

Од разговорот се дознава дека Заев парите примени од Мирослав Дака ги користел за инженеринг за референдумот.

Не сакам да одам кај Заев за да платам повторно за да го плати референдумот, вели Дака.

Сподели.