Заев порача дека сме пријатели со Русија, а ,,местенката,, била приватна работа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ние сме пријатели со Русија и покрај нивното противење да станеме членка на НАТО, рече премиерот Зоран Заев, кој заедно со амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин присуствуваше на отворањето на нова бензинска пумпа на „Лукоил“ во населбата Сингелиќ.

Заев најави дека денеска ќе има средба во Владата со амбасадорот Баздникин, која била закажана уште пред 10 дена и не е поврзана со руските комичари и разговорите со „Порошенко“.

Ние имаме редовна комуникација со сите амбасадори. Оваа средба е закажана уште пред десетина дена. Сметам дека овие пранкови или фејк перформанси претставуваат приватни работи, не се акт од Руската Федерација и не смеат ваквите работи да се испречат пред нашите пријателски односи. Соработката со Руската Федерација е една од нашите цели, зајакнување на таа соработка на економски и на секаков план, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали досега разговарал со Баздникин за телефонските разговори со лажните Порошенко и Столтенберг, во кои меѓу другото кажал дека српскиот претседател Александар Вучиќ е под влијание на Русија.

Местенките на кои наседна Заев ги сфаќал како приватни работи, а не како акт на државата која ни е пријател.

Овие фејк перформанси се приватни работи, не се акт од Руската Федерација и соработката меѓу нашите земји. Русија се противи на нашето членство во НАТО, не поради нас, туку поради нивниот став против проширување на Унијата. Принципиелен е нивниот став, јас го разбирам, но ние сме пријатели и со оние земји кои не се за членство во НАТО, рече премиерот Зоран Заев.

Сподели.