За неа годините се само бројка-Лидија Вукичевиќ, одново го сруши Инстаграм (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лидија Вукичевиќ го прослави својот 59-ти роденден и не престанува да ја изненадува јавноста со својот изглед.

Имено, многумина се изненадени кога ќе слушнат дека Лидија е на прагот на седмата деценија, имајќи предвид дека изгледа многу помладо од своите врсници.

Покрај тоа, таа често истакнува дека не направила никаква операција врз себе, но го негува природен изглед.

Таа сега сподели фотографија на својот Инстаграм во краток цветен фустан кој ја следи нејзината линија, додека деколтето беше во прв план, а го напиша и следново:

„На секого животот му подарува одредена улога која треба да ја одигра најдобро што знае ако сака  филмот да успее“.

Под објавата, имаше низа коментари во кои нејзините следбеници го пофалија нејзиниот изглед, но и не го криеја изненадувањето кога дознаа дека таа наполни 59 години.

Сподели.