Вујовиќ: Mожно е да се вратам во Вардар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Легендарниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ си замина од Загреб поради приватни причини.
Во изјава за црногорскиот медиум „Вјести“, тој рече дека заминувањето од Загреб не му е финта за да се врати во Вардар, но не ја исклучи можноста да го преземе кормилото на црвено-црните откако ќе ги реши проблемите.
„Не можев да бидам на две места во исто време. Им реков на луѓето од управата дека имам проблем во Шабац кој не може да се реши ако сум во Загреб. Имам приватен бизнис кој ќе пропаднеше ако не сум тука“, вели Вујовиќ за „Вијести“.
„Не можев луѓето да ги држам во неизвесност, бидејќи не знам дали тој проблем ќе се реши за четири, пет или шест месеци. Мислам дека вака беше најкоректно. Луѓето од управата знаат дека можат да рачунаат на мене кога тоа ќе го завршам. Тука сум ако им требам“.
„Гласините за враќање во Вардар почнаа откако беше објавено дека во клубот се враќа Михајловски. Верувајте ми, заминувањето од Загреб не е никаква финта за да го преземам Вардар. Но не ја исклучувам можноста тоа да се случи откако ќе ги решам приватните проблеми“.
Сподели.