Времето денеска – 29.јуни 2020

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 25 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне 35 степени. Маврово 25, Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка 31, Берово 30, Кавадарци 37, Дојран 38.

До средината на следнава седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во втората половина од седмицата во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе се спуштат за неколку степени.

Сподели.