Времето денеска – 2.август 2020

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер најизразен долж Повардарието.

Минималната утринска температура се движи во интервалот од 12 до 22, а максималната дневма ќе достигне од 27 до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје и околината се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.

Следува постабилен и не особено топол период со дневни температури кои на југоистокот ќе достигнуваат до 36 степени. Повторно нестабилно ќе биде кон средината на работната седмица.

Сподели.