Времето денеска – 14.февруари 2020

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе бидат пообилни попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната температура од три до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до девет степени. Во Маврово 3, Охрид 7, Битола 9, Крива Паланка 7, Берово 6, Кавадарци 12, Дојран 11 степени.

Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.

Сподели.