Времето денеска – 13.јули 2020

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.

Минималната температурара ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 Целзиусови степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Маврово 23, Охрид 28, Битола 31, Крива Паланка и Берово 27, Кавадарци 32, Дојран 36.

Утре времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Сподели.