Вработените во ЕЛЕМ ТУРС втор месец немаат земено плата- директорот се забавува

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вработените во ЕЛЕМ ТУРС,  фирма ќерка на ЕЛЕМ, два месеци се без плата, во време кога  енергетската компанија прави милионски профити, дознава Лидер.

Додека директорите на ЕЛЕМ, односно ЕСМ организираат  синдикални игри во автокампот Ливадишта, вработените во фирмата ќерка ЕЛЕМ ТУРС која ги опслужуваше за време на игрите во Ливадишта, но и ја организираат мензата во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј немаат земено плата веќе втор месец. Вработените со договор за извршување на услуги , т. н сезонци кои со години чекаат решенија , сега не ја земаат ниту основната плата,  коментираат тие, за порталот Лидер.

Вработени кои сакаат да останат анонимни од страв , бидејќи се без договори за работа и лесно можат да бидат отпуштени , коментираат дека директорот Ковачевски во Ливадишта, јадел и пиел толку многу , колку за две нивни плати, а од друга страна нема желба да  подели ни основна плата, пари со кои  ги прехрануваат  семејства , велат вработени.

Инаку,  во 2018 година  државната компанија за произвдство на електрична енергија ЕЛЕМ  остварила добивка  од 30 милиони евра и таа година, како што информираа од таму била една од најуспешната финансиска година од постоењето на компанијата.

Сподели.