Возило удри во пешак во Куманово

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 13.02.2020 во 11.40 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Киро Фетак“ во Куманово патничко возило „шкода фабија“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Матејче, општина Липково, удрило во пешакот М.К.(84) од Куманово. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.  Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

 

Сподели.