Во Скопје казнети 127 возачи, 11 за возење без возачка дозвола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што ги чинат пешаците, 49 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Сподели.