Во Шпанија ќе се игра без ВАР

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Фудбалското првенство во Шпанија наскоро ќе биде продолжено, по неколку месечната пауза поради пандемијата со коронавирусот, а првичните најави се дека ЛА лига ќе биде рестартирана во јуни и тоа со неколку изменети правила.

Првото се однесува на зголемување на бројот на замени, од три на пет, што вчера и официјално беше усвоено од ФИФА, од каде што, пак, доаѓа препорака дека употребата на ВАР повеќе не е задолжително. Причина за ова е желбата да се намали бројот на луѓе инволвирани во натпреварите, особено во ситуација кога ВАР-судиите се сместени во мали соби во непосредна близина едни на други.

Сподели.