Во седум сообраќајки полесно повредени 12 лица

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Возач на патничко моторно возило и сопатник биле тешко повредени во една од вкупно 17 сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во седум сообраќајки со полесни повреди се здобиле 12 лица, а во девет била причинета материјална штета.

Во текот на 03.12.2019 година на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и oд сообраќај се исклучени тројца возачи, затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и пет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и пет пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден 63 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Сподели.