Во Карпош креативни столпчиња за поголема безбедност на децата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општина Карпош неодамна постави заштитни столпчиња пред неколку основни училишта во Карпош, за дополнително да ја зголеми безбедноста за учениците пред воспитно-образовните установи. Заштитните столпчиња се во форма на човечиња и како нов тип сигнализација беа поставени пред училиштата „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, од влезот на улицата Разловечко востание и од пристапот на улицата Трифун Бузев, потоа пред ООУ „Владо Тасевски“ во Козле, на улицата Јуриј Гагарин, како и пред ООУ „Војдан Чернодрински“ во населбата Владо Тасевски, на улицата Дрезденска.

– Столпчињата треба да ги предупредат учесниците во сообраќајот да ја намалат брзината на движење и да обрнат поголемо внимание кога се движат во близина на училишта. Локалната самоуправа ќе постави вакви заштитни столпчиња и пред другите училишта. Општината го подигна нивото на безбедност пред образовните установи поставувајќи и обични интелигентни „лежечки полицајци“ и метални бариери. Од минатата учебна година, во сите основни училишта беше ангажиран дел од кадарот, со помош на сообраќаен знак, да го регулира сообраќајот на локалните улици пред почетокот и на крајот на наставата – соопштуваат од Општина Карпош.

Сподели.