ВО ЧАИР СЕ ПАЗАРИ И СРЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, РАЗДВИЖЕНО И ВО ДАМЕ ГРУЕВ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите во скопската населба Чаир, на само неколку метри од нив – отворена продавница. Позачудувачка е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час, пренесе „Телма“.

На споредните улички во населбите сликата e поразлична од големите градски булевари.

Камерата на телевизијата забележала раздвиженост и во Даме Груев, за некои позната и како Новоселски пат. Полиција од време на време поминува во патрола. Казни нема, само остри усмени опомени за луѓето кои опуштено се движат надвор иако тоа не смеат да го прават.

Сподели.