Во Брисел вонреден состанок на министрите на ЕУ поради мигрантите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министрите за внатрешни работи на ЕУ се состануваат на вонреден Совет на ЕУ во Брисел, по повод ескалацијата на безбедносната состојба на границата помеѓу Турција и Грција.

Европската комисија побара итен состанок за да се усогласат позициите и ставот на ЕУ на новиот бран мигранти кои се обидуваат да влезат во Европа преку Турција.

– Вонредната средба ќе биде можност да се донесат мерки за поддршка за Грција – најавено е во Брисел.

Претставниците на ЕУ велат дека Европа нема да дозволи уцени и ја повикуваат Турција да се врати на „нормалното“ спроведување на Договорот за мигранти од 2016 година.

Сподели.