ВНИМАВАЈТЕ СО ХРАНАТА: Студент починал откако изел тестенини стари пет дена

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дваестгодишниот студент А.Ј. од Брисел, Белгија, починал откако изел тестенини стари пет дена. Трагедијата се случила во октомври 2008 година, но стана актуелена во јавноста откако „US Journal of Clinical Microbiology“ реши да ја обелодени неговата приказна.

Порцијата со шпагети ја зготвил пет дена пред да ја изеде, а потоа ја оставил во кујна два дена. Неговиот цимер потоа ја ставил во фрижидер, каде стоела уште три дена, опишале во снимката која досега е прегледана повеќе од два милиони пати.

Студентот пет дена подоцна ја загревал порцијата во микробранова печка, а не бил свесен дека тоа е истата од пред неколку денови. Набрзо почнал да се чувствува лошо, имал мачнини, главоболка и болка во стомакот. После неколку часа почнал да повраќа.

Заклучил дека станува збор за труење во желудникот, па испил многу вода, земал лек за желудник и отишол да спие, велат на снимката. Тој се разбудил во болки и повторно повраќал, после што неговиот цимер повикал брза помош. Пред да дојде Брзата помош, А.Ј. се онесвестил. Во болницата починал.

Обдукцијата покажала дека смртта била предизвикана од бактеријата „Bacillus cereus“, а откриено е и дека лекот кој го земал, го оштетил неговиот црн дроб, кој веќе откажувал поради бактеријата која се развила во организамот.

Докторот кој се појавува на оваа снимка тврди дека овие случаеви се многу ретки.

-Важно е да се напомене дека ова не е типичен случај на труење со храна. Многу луѓе јадат шпагети, или било кој друг вид на тестенини, кои се стари еден или два дена, и не им е ништо. Но, бидете внимателни со храна која не стоела во фрижидер повеќе од неколку часа. Ако храната мириса чудно, секогаш е подобро да бидете внимателни, отколку да зажалите, рекол тој.

Сподели.