ВМРО-ДПМНЕ: Во последната година ипол цените на горивата со Заев се зголемени за 50%

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со СДСМ не очекува енергетска криза. Не знаат како да се справат со недостатокот на енергија, а сега посегаат и по покачување на цените на горивата. РКЕ на Бислимовски ги покачува цените на горивата. Од утре ќе плаќаме 2.5 денари повеќе за дизелот, а за бензините 2 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата појаснуваат дека во последната година ипол цената на бензинот од 50 денари, колку што бил во април 2020 година е качена на 75.5, а од утре ќе биде 77.5 денари, тоа е зголемување за 27.5 денари за година ипол. Додека цената на дизелот од 46 денари во април 2020 година сега е 65 денари, а од утре ќе се продава по цена од 67.5 денари, тоа е покачување од 21.5 денари.

– И бензинот и дизелот само во последната година ипол се покачени за 50%. Ова е грабежот кој го спроведува Заев. Народот плаќа 50% поскапи горива. На грабежот мора да му дојде крај. Излези и гласај за промени, додаваат ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели.