ВМРО-ДПМНЕ: Петре Шилегов го финансирал скандалозниот проект “Секс, извидници и рокенрол”

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Петре Шилегов го финансирал скандалозниот проект ” Секс, извидници и рокенрол “. Според јавно достапните податоци може да видиме дека град Скопје во 2019 година одвоил пари за овој скандалозен проект, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека фотографија од настанот на која се гледа логото на настанот и две ознаки дека проектот е поддржан од Град Скопје исто така укажува дека Шилегов дал пари за овој скандалозен проект кој ја фрапираше јавноста, а на кој според сведоштво на родител на дете кое учествувало на овогодинешниот камп децата си боеле интимни делови од телото и ги пресликувале на хамер, симулирарале секс пози во двор на манастир, симулирале секс со краставица и кукла на надувување.

-Скандалозно е што ваков проект воопшто се случил, а уште поскандалозно е што со пари на скопјани е финансиран еден ваков проект кој пропагира неморал и може да влијае негативно врз психолошката состојба на децата. Дали тоа што Шилегов одвоил пари за ваков скандалозен настан значи дека го одобрува ? Шилегов директно со парите на граѓаните финансирал неморал. Шилегов како градоначалник на град Скопје не смеел да даде дел од парите на скопјани на проект кој е крајно скандалозен. Фрапирани сме од негрижата и односот на Шилегов. Се повеќе излегуваат факти на површина од кои се гледа како се трошени народните пари и какви луѓе воделе институции. Сето ова ќе се промени по 17 октомври. Време е за нова иднина, се наведува во партиското соопштение.

Сподели.