„Виз ер“ в среда од Скопје лета на девет дестинации

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со лет на авион на Туркиш ерлајнс за Истанбул, в среда изутрина во 7:45 часот, ќе се отвори скопскиот аеродром.

Според редот на летање поставен на веб-страницата на ТАВ следен е лет на авиокомпанијата „Пегасус“ во 8:30 часот.

За среда се најавени уште летови на „Виз ер“ до девет европски дестинации, а на редот на летање се и операции на Германија, „Свис“, „Еделвајс“.

Со лет на  „Виз ер“, со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и од Полска, в четврток се отвора аеродромот во Охрид.

Сподели.