(ВИДЕО) Бојан Стојаноски за Сигнал мк – Младите да се вклучат во активизам за на демократски начин да ги решат своите проблеми

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во интервјуто за Сигнал мк, кандидатот за пратеник во втората изборна единица, Бојан Стојаноски, запрашан за тоа зошто се занимава со политика од најмлада возраст и дали младите треба да се занимаваат со политика, вели дека му се допаѓа интензитетот и динамиката во младинскиот политички активизам.

– „Разбрав дека се она што ми треба како млад човек и она што сакам да го остварам во општеството, можам да го направм на овој начин, преку вклучување во директен полтички активизам“ – истакна тој.

Вели дека за младите да влијаат во политиката, тие мораат да се вклучат во општествени организации, без разлика дали се тоа политички партии или невладини организации.

– „Доколку ние младите се соочуваме со одреден проблем, треба да ги искористиме сите инструменти на демократијата за да си ги решиме нашите проблеми или потреби. Во демократскиот свет тоа се политичките партии и други организации кои општат со оние кои треба да ги решат нашите проблеми, па затоа би им препорачал на младите да бидат активни во своите барања, не пасивини, да ги бараат решенијата на своите проблеми кај оние кои се надлежни тие да ги решат.“ – советува во интервјуто за Сигнал мк.

Целото интервју за емисијата „Во Кратки Црти“ може да го погледнете на следниот линк:

:

 

Сподели.