(ВИДЕО) Бојан Стојаноски за Сигнал мк – Иселувањето на младите ме прави многу емотивен

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во интервјуто за Сигнал мк, кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица, Бојан Стојаноски, запрашан за тоа дали било која идна Влада можа да ја спречи „белата чума“, односно иселувањето на младите, вели дека е прашање на коешто станува многу емотивен.

„Ова е прашање на коешто станувам многу емотивен и можеби е едно од главните мотиви зошто се вклучив во политиката и зошто одлучив политичкиот активизам да го насочам кон институциите на државата, со цел тоа да го променам“

Смета дека Македонија не направила доволно за да ги задржи младите тука и потсетува за изгубената генерација од деведесетите.

„Иселувањето секогаш постоело, дури и во поразвиените европски земји, но, како изминативе три години да ни се повтроруваат деведесетите. Тоа ме боли и тоа сакам да престане.“ – истакна Бојан.

„Сметам дека во проектот за обнова на Македонија, можеме да понудиме квалитет за тие луѓе да останат тука, ова не го кажувам како политичка флоскула, туку сум сигурен во проектите.“ – додава тој.

Целото интервју за емисијата „Во Кратки Црти“ може да го погледнете на следниот линк:

Сподели.