Вечер Шкендија – Тотенхем

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вечерва во Скопје на Арената „Тодор Проески“ ќе има вистински спектакл, Шкендија го пречекува Тотенхем, за жал натпреварот поради добро познати причини ќе се игра без публика.

Тотенхем вчера допатува во Скопје, тренинг на Арената немаа на нивно барање тренингот и прес-конференцијата „петлите“ ги направија во Лондон после што упатија за Скопје, а пристигнаа вчера вечер околу 20 часот.

Разликата е огромна, Шкендија според „Трансфермаркт“ има вредност од 5.08 милиони евра, а Тотенхем 774 милиони евра. Еден резервист во Тотенхем кој не добива многу шанса вреди колку цел тим на Шкендија, а да не зборуваме за вредност на Хари Кејн – 120 милиони евра.

 

Сподели.