Вардар во жестока конкуренција во ЛШ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометарите на Вардар во следната сезона од Лигата на шампионите ќе водат жестока битка за пласман во следната фаза од елитното натпреварување.

Двојниот европски првак се наоѓа во група каде нема да имаат ни малку лесна задача да се пласираат во елиминациската рунда. Конкуренцијата е жестока бидејќи противници на “црвено-црните” се Пари Сен Жермен, Киелце, Пик Сегед, а од последниот сад Вардар го доби најтешкиот можен противник, тимот на Флензбург.

А групата во која се наоѓа и нашиот претставник ја надополнуваат уште Елверум, Порто и вечниот ривал од СЕХА лигата, Мешков Брест.

Во Б групата ќе настапат Барселона, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор Запорожје, Целје и Загреб.

Според новиот систем на натпреварување двете првопласирани екипи обезбедуваат директен настап во четврт-финалето додека тимовите од третата до шестата позиција ќе бидат дел од првото елиминациско коло.

Сподели.