Утре се очекува упатниот акт за Јанкулоска

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Втор ден откако Врховниот суд ја потврди четиригодишна затворска казна за екс министерката за внатрешни работи  Гордана Јанкулоска и  се чека упатниот акт за таа да се јави во затвор. Полициски патроли и денеска се во близина на нејзиниот дом каде се проверуваат сите автомобили и возачи. По викендот, се очекува утре одлуката на Врховниот суд да биде доставена до Судот кој треба да го напише упатниот акт за издржување на затворската казна. Јанкуловска  е осудена во случајот „Тенк“  за злоупотреба на службената положба при набавката на луксузниот мерцедес од 600.000 евра.

Сподели.