Утре обвинителите во СЈО-се враќаат во своите обвинителства

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Советот на јавни обвинители утре ќе ја продолжи седницата на која ќе се расправа за статусот на другите јавни обвинители во Специјалното јавно обвинителство.

Претседателот на Советот Ацо Колевски вели дека утре ќе биде констатиран престанок на нивниот мандат и ќе биде донесена одлука дали да се вратат во нивните матични јавни обвинителства.

Ќе мораме да ги примениме одредбите од Законот за специјално јавно обвинителство за престанок на нивната функција, затоа што таму е предвидено дека нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалниот јавнен обвинител. Тоа в понеделник ќе го констатираме само со одлука, рече Колевски вчеравечер по вонредната седница на која беше разрешена Катица Јанева.

Тој не сакаше да прејудицира што ќе се случи со обвинителите, но рече дека најверојатно ќе се вратат во матичните обвинителства.

Иако Законот за СЈО се уште е во важност и не е донесен нов закон за ЈО во кој треба да се регулира позицијата на СЈО, Колев рече дека Советот нема да назначи вршител на должноста, бидејќи назначувањето е на предлог на Собранието.

-Став на Советот е дека не постојат услови за поставување в.д. имајќи го предвид самиот Закон за СЈО каде стои дека  предлог за именување специјален јавен обвинител дава Собранието. Ние очекуваме предлог од Собранието, бидејќи овој Закон се уште е во важност, па ќе одлучуваме, рече Колев.

Сподели.