Уставните промени кои треба да ги направиме се конструирани во Атина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Уставните измени во делот на промената на името кои треба да се случат до крајот на декември годинава, биле напишани од Грција преку нон пејпер и испратени до македонската Влада која пак ангажирала професор по уставно право само колку технички да ги провери, тврди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Во јавноста се ќе биде глума, како да ќе бидат пишувани тука, па затоа и власта не говори за нив, вели Николовски.

Откако си пружија рака во Преспа и ставија потпис кој значи прекрстување на Македонија, никој од владините функционери не одговара на прашањата што ќе носат уставните промени, ниту пак кој дел ќе се менува, единствено дека ќе менуваат делови согласно договореното.

Премиерот Заев предходно рече дека промената на уставот до крајот на годината немало да биде пријатно искуство за граѓаните.

Заев откри дека измени ќе трпат членовите 3 и 49, но и преамбулата на Уставот, токму оние во кои Грците гледаа ирендентизам, што ја потврдува и информацијата на Николовски дека соседите го стокмиле договорот по нивен терк, а македонската влада само прифатила. Опозицијата неколкупати побара увид во тоа што ќе се менува во највисокиот правен акт – Уставот.

Сподели.