УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Јелена од Драчево и Талат со своја изведба на хитот „Нека гори Балкан“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Екипата од ТВ серијата „Преспав“ е подготвена за новогодишната прослава.

Дел од она што го подготвуваат за гледачите го објавија на ЈуТјуб. Јелена од Драчево и рецепционерот Талат направија своја урнебесна изведба на популарната песна „Ајде“ од српската пејачка Теа Таировиќ.

-Ајде, ајде дур сме млади! Ноќва нека гори Балкан! Слушнете го најголемиот новогодишен хит и подгответе се за најлудата ноќ. 31.12 во 21 часот на МРТ1. Нек` гори Балкан, порачуваат од екипата на „Преспав“.

Новогодишната програма може да ја следите на МРТ со почеток во 21 часот.

Сподели.