Уапсен жител на Боговиње за поседување марихуана

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 07.11.2019 околу 17.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р.(24) од тетовско Боговиње. При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом во Боговиње, во периодот од 16 до 17 часот, била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против Ф.Р. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

Сподели.