Црвена Ѕвезда поведе со 2-0 во финалето на АБА

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кошаркарите на Црвена Ѕвезда му нанесоа тежок пораз на Будуќност во Белград. Во вториот одигран натпревар од финалето на АБА лигата Будуќност доживеа катастрофален пораз од 38 кошеви разлика 107-69. Со оваа победа Црвена Ѕвезда поведе со 2-0 во финалето кое се игра во 3 победи. Сега дуелот се сели во Подгорица ,каде Будуќност ке биде домакин на наредните две утакмици.

Тренерот на Будуќност , хрватот Јасмин Репеша им ја честита победата на домакините,но упати јасни критики за фановите на Ѕвезда кои недолично и не културно се однесуваа во текот на целиот натпревар. Тој ја опиша атмосферата како Атмосфера на линч и додаде дека сега мора да го фрли оделото од многу плуканици на него.

Сподели.