ТРИЧКО со нов гол за АЕК

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македоскиот репрезентативец Иван Тричковски ја продолжува серијата на голови за својот АЕК-ЛАРНАКА. На вчерашниот натпревар против Алки, Тричковски го постигна вториот гол за својата екипа и ја обезбеди победата на својот тим од 2-0. Во составот на АЕК беше и Даниел Мојсов кој го одигра целиот натпревар. За екипата на Алки настапува нашиот фудбалер Душко Трајчевски кој порано настапуваше за екипите на Работнички и Тетекс.

Сподели.