Три години од смртта на македонската фудбалска легенда Благој Истатов

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Денеска се одбележуваат три години од смртта на македонската фудбалска легенда Благој Истатов.

Поранешниот голман на струмичка Беласица, Победа од Прилеп, Партизан од Белград и Утрехт од Холандија почина на 27 септември 2018 година, на 71 година.

Беше тренер на повеќе клубови во земјава и странство по завршувањето на кариерата, а најголемите успеси ги постигна со Беласица, меѓу кои и пласман во некогашната Единствена втора лига на Југославија.

Истатов беше член и на Стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација како тренер на голманите, а потоа се вклучи во работата на ФФМ како член на Управниот одбор.

Повеќе години живееше во Нов Дојран, каде има формирано своја фудбалска школа и беше сопственик на спортски комплекс и хотел, каде се подготвуваа многу екипи од земјава и странство.

Сподели.