Трамп: Нема да ја затвораме земјата во случај на втор бран

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Се трудиме да го изгасиме пожарот, нема да ја затвораме земјата“, кажа Трамп, одговарајќи на прашање за можен втор бран на пандемијата при посетата на фабрика на Форд во Мичиген.

Изјавата доаѓа во време на ублажување на рестриктивните мерки кое го преземаат сите 50 американски сојузни држави, при што оние предводени од републиканците вршат притисок за што побрзо повторно придвижување на земјата, додека оние на чие чело се демократите бараат поголема претпазливост при намалувањето на рестрикциите.

Функционерите на јавното здравство предупредија дека пребрзото ублажување на мерките би можело да доведе до појава на втор бран на ширење на вирусот на есен и во зима.

И покрај отпорот од Трамп, владите на сојузните држави и локалните власти спроведоа затворање и воспоставување карантин во пандемијата што ја погоди земјата.

Сподели.