Трагедија на ридско-брзинска трка во Пробиштип (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Огромна несреќа се случи на ридско-брзинската трка во Пробиштип, каде што еден возач на Хонда, удри во редар кој го загуби животот на пат кон болницата. Според изјави на очевидци од ударот со возилото редарот паднал во близок дол, а поврееите настанати од ударот и од падот биле кобни за него. Како се случило возилото да удри во редарот засега точни податоци нема и нив трева дс ги даде крајот на полициската истрага. Од МВР за инцидентот го дадоа следново соопштение Денес околу 13.20 часот на авто трката која се одвиваше на регионалниот пат Пробиштип – Кратово, кај место викано „Жгури“, патничко возило „хонда сивик“, без регистарски ознаки, управувано од A.K.(43) од Скопје, удрило во еден од оценувачите, К.А.(62) од Скопје, кој се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Пробиштип, од таму на пат кон Медицински центар Штип починал. Увид се врши, информираа од полицијата

Извор: ТВ Стар

Сподели.