Трагедија ја потресе Македонија: 13-годишно девојче го загуби животот откако врз неа паднала статива

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тринаесетгодишно девојче вчера починало откако врз него паднала статива во  Соколана во Куманово, потврди полицијата. Несреќниот случај се случил попладнето околу 16:00 часот.

Девојчето, соопштија од полицијата е државјанин на Република Хрватска со привремен престој во државата.

Екипа на Итна помош интервенирала и го однела детето во кумановската болница каде што лекарите се обиделе да го реанимираат, но безупешно. Случајот во полицијата бил пријавен од кумановската болница.

Сподели.