Тошевски: Власта признава дека Битола е мртва (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ЛАГИТЕ НА ПЕТРОВСКА И СДСМ ВО ДЕЛОТ НА ЗАШТИТАТА НА ЧОВЕКОВАТА СРЕДИНА ИЗЛЕГУВААТ НА ВИДЕЛИНА. ВЛАСТА ПРИЗНАВА ДЕКА БИТОЛА Е МРТВА!

После две години локална и безмалку три години централна власт, локалната власт предводена од Петровска на барање на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата конечно излезе со парче хартија со мизерна содржина кое го нарекоа извештај за направеното во делот на заштитата на човековата средина. Сите капитални проекти за суштинско решавање на проблемот со загадувањето не се ниту во почетна фаза.
Додека Петровска го живее својот сон ова е реалноста:

– Прочистителна станица – 0% реализација
– Топлификација – 0% реализација
– Гасификација – 0% реализација

Во пресрет на трета грејна сезона откако „големите“ поборници за здрава животна средина се на власт иако признаваат дека БИТОЛА Е МРТВА сепак самите велат дека се задоволни од досега направеното, а тоа е една голема НУЛА. Со користењето на фосилните горива за затоплување на објектите кои се под ингеренции на централната или локалната власт државата и понатаму е најголем загадувач на амбиенталниот воздух. Во Битола не постои семејство кое не е засегнато од последиците врз здравјето на луѓето предизвикани од загадувањето на човековата средина, а сегашната власт која ветуваше чуда и си поигра со чувствата на битолчани во предизборието досега нема направено ништо.

– изјави Иванчо Тошевски на денешниот совет на Општина Битола

Сподели.