Тежок крај на годината за актерот: Откако му изгоре вилата вредна 4 милиони долари, Батлер заврши во болница

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Откако целосно му изгоре домот на славниот актер во пожарот во Калифорнија, тој се соочува со уште еден потежок период во неговиот живот.

Имено актерот Џерард Батлер чувствувал мачнина и болка во желудникот бил хоспитализиран во болница.

Лекарите веднаш се посомневале во воспаление на слепото црево, но по бројните прегледи се установило дека станува збор за инфекција.

На актерот итно му е препишана терапија, а наскоро треба да биде и пуштен на домашно лекување.

Инаку актерот оваа година никогаш нема да ја заборави во животот.

Неговата вила вредна 4,4 милиони долари до темел изгоре во пожарите во Калифорнија.

Сподели.