Тешко повредено петгодишно дете, го удрила кола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вчера во Скопје, на ул.„Методија Митевски“, патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(38) од Скопје, удрило во петгодишно дете пешак од Скопје кое се здобило со тешки телесни повреди.

Детето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Сподели.