Тешко повредени две лица, во две сообраќајки во тетовско

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 13.05.2019 годинa во 16.00 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „Ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(39) од Тетово, удрило во карпест брег покрај патот. А.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен болницата во Тетово, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување.  Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Истиот ден, и на регионалниот пат с.Јажинце-Тетово, во с.Беловиште, Б.Ј.(45) од с.Рогачево, управувајќи патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. Увид извршила екипа на СВР Тетово.

 

Сподели.